Мицевски: “Kpими коалициjaта ви е пpeд pacпаѓање?”

„Од она што го имам како информација, иако господинот Зеќири рече дека очекуваат окрупнување на владејачкото мнозинство, сметам дека незадоволството кое што го има помеѓу коалиционите партнери и со кои што индиректно или директно може да доведе до промена на состојбата со бројките и до парламентарното мнозинство“, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ при своето гостување на „24 анализа“.

Мицевски наговести дека владејачкото мнозинство може да се раситни бидејќи таму сега за сега владее големо незадоволство.

„Најавувам дека има огромно незадоволство во коалиционите партнери на СДСМ. И во наредниот период политиката е менлива работа, можат да се случуваат различни работи“, нагласи Мицевски.

Мицевски додаде дека тоа може да се преточи и во давање во бланко поддршка на опозицијата во овој момент.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.