Милошоски од кабинетот на Вељаноски: Ќе има кривични пријави – платформата од Тирана нема да помине

51515151

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на социјалните мрежи објави фотографија од атмосферата во кабинетот на Вељаноски.
Тој ги повтори и партиските позиции и најави кривични пријави.

Пратениците од коалицијата “За подобра Македонија” денес во Собранието ги реафирмираат следните позиции:
• секој Пратеник има мандат и должност да го почитува и штити Деловникот на Собранието, Законите и Уставот на Република Македонија
• Ниедна политичка амбиција на политичар или политичка партија, ниедна Платформа заверена во туѓа држава, не дава право за кршење на Деловничката процедура како дел од демократијата во Собранието
• Обидот за избор на Претседател на Собранието со кршење на Деловникот и Законите е нелегален и ниеден политички притисок тоа не може да го покрие
• Против пратениците Мухиќ и Мисовски, кои превземаа неделовнички дејствија и предизвикаа политичко насилство, ќе поднесеме кривични пријави до надлежните институции
• На Македонија во овие тешки и многу чувствителни моменти не и потребен нелегален Претседател на Собранието, нелегална Влада и создавање на тешки политички преседани со формирање на паралелни институции спротивни на Уставот кои можат да предизвикаат штетни и непоправливи последици
• Платформата од Тирана не е поважна од Деловникот на Собранието, Законите и Уставот на Република Македонија
• Пратениците во Собранието имаат мандат од граѓаните, граѓаните се носители на суверенитетот во Република Македонија и нивниот став е најбитен, без разлика дали е изразен на избори или на демократски протести
• Ниту политичкото насилство, ниту физичкото насилство во Собранието не се за оправдување, ниту пак заради насилни поединци некој има право целиот мирољубив народ да го нарекува терористи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.