Луда руска забава на снежен полигон: Не може да ја спречи ниту полицијата (ВИДЕО)

Секако, зимското дрифтање во соодветни услови не е опасно и нуди „забава без пари“ што го крева адреналинот.

Дури може да се смета за вежбање на возачот за во случај на лизгање.

Руските возачи во градот Уфе одлучија на нелегален начин да уживаат во зимските радости – со дрифтање на градскиот плоштад.

За кратко стигна локалната полиција и се обиде да легитимира двајца возачи. Останатите возачи решија да се солидаризираат и почнаа да кружат на импровизираниот полигон.

Ни полициското засилување не ги одрати во намерата. Забавата заврши дури кога дојде возилото за чистење снег.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.