Лошо време за “лепачите на плакати”: За лепење каде ќе ви текне, полицијата може да ве казни од 100 до 250 евра

Во пресрет на започнувањето на предизборната кампања за претседателските и парламентарните избори Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува, односно укажува дека пишувањето графити и особено на графити со вулгарна и навредлива содржина на јавни места и објекти е спротивно на Законот за јавна чистота , како и самоволното лепење на плакати на места кои не се определени за таа цел и намена. Покрај тоа, зависно од видот и обемот на оштетување на објектот, тоа претставува и прекршок против јавниот ред и мир (член 27), за кој е предвидена глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност.

Доколку пораките се со содржина која поттикнува национална, расна или верска омраза, раздор и нетрпеливост, пишувачите на таквите графити ќе се соочат и со кривична одговорност согласно член 319 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Поради ова, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира , особено до помладите, да се воздржат од пишување графити и оштетување на јавните објекти , како и на културните и историските споменици, зашто на тој начин не само што причинуваат одредена материјална штета, туку можат да предизвикаат и други несакани појави.И не само тоа, туку и да се соочат со законски предвидените санкции.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.