Кривична пријава за прилепчанец кој со лажни документи се обидел да земе кредит

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Полициска станица Прилеп поднесе кривична пријава против Л.П.(23) од Прилеп, за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или други погодности“ „фалсификување исправа“.

На 27.08.2018 година пријавениот со цел да подигне потрошувачки кредит, набавил и во банка приложил фалсификувана документација и потврда со невистинити податоци дека е вработен во фирма од Прилеп, по што било констатирано дека депонираниот потпис на управителот на фирмата не се совпаѓа со приложениот во лажната документација.

Откако пријавениот бил известен дека кредитот не му се одобрува, на истиот начин се обидел да подигне кредит во друга банка приложувајќи невистинити податоци дека е вработен во фирма од Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.