Кралски дочек за Иванов во Јордан: Претседателот пречекан со највисоки државни почести во кралството Јордан (ФОТО+ВИДЕО)

Претседателот Ѓорѓе Иванов, вчера во Кралската палата Ал Хусеин во Аман, со највисоки државни и воени почести беше пречекан од Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Н.В. Абдула Втори Ибн Ал Хусеин.

На средбата беше потврдено пријателството меѓу Македонија и Кралството Јордан.

Македонскиот претседател денеска ќе оствари средби со премиерот на Кралството Јордан, Омар Разар, со претседателот на Сенатот, Фаисал Ел-Фајез, со спикерот на Претставничкиот дом Атеф Таравнех, како и со членови на Претставничкиот дом.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.