Косовските навивачи му ја зедоа капата на полицaeц во Лондон, а тој им “уkpaде” кече (ВИДЕО)

Косово после 15 натпревари без пораз, во вторникот конечно загуби на гостувањето во Лондон со 5:3.

Но, она што е за одбележување е фокусираноста и упорноста на оваа нова репрезентација која успеа дури и на моќната Англија да и даде три гола.

Забележителна беше и големата поддршка на трибините кои ја имаа фудбалерите на Косово, а нивните навивачи се забавуваа и во пресрет на натпреварот.

Една од групите на навивачи на Косово до толку се забавуваше на улиците, што реши да се шегува со полицаец.

Тие му ја земаа капата додека френтично пееја во знак на поддршка за нивниот национален тим, но и тој не остана покус. Полицаецот реши да им врати, па им „украде“ едно кече.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.