Колумна на внукот на Ченто: НЕ САКАМ ДА СЕ ЧУВСТВУВАМ МАРГИНАЛИЗИРАН ЗАТОА ШТО СУМ ДЕЛ ОД МНОЗИНСТВОТО НА ОВАА ДРЖАВА

received_10210289122398875

Мултиетничноста на Република Македонија од секогаш била плодна почва за странските фактори, една бавча Обединетите нации, втора бавча ЕУ, трета бавча НАТО и ни сеат совети за соживот и толеранција а плодовите скапани.

Мултиетничко почво македонска, дали некогаш ќе дојде паметна генерација која ќе знае на која страна не тера патот. Ти си стоиш на едно место ама хумусот ти го крадат, ти ги замолчуваат домашните мозоци и ти сеат разно разни политики а ти си слушаш и си трпиш.

Вработувања според рамковниот, образование според рамковниот, примена на јазиците според рамковниот, мене така ми се чини или во медиумите многу почесто слушам охридски рамковен договор и платформата од Тирана отколку уставот на Република Македонија.
Каде живеам јас во Република РАМКОВНА Македонија или во Република Македонија каде што највисок правен акт е Уставот???

Ќе дојде време кога некој треба да се вработи и ќе има 92 поени од можни 100 поени ама ќе се вработи некој со 62 поени само затоа што вработувањето требало да биде според рамковен договор, а не е важно што тој некој треба да лекува луѓе или да биде судија.
Зијадин Села градоначалник на Струга а пред неколку години пратеник, се закануваше дека ќе го запали Собранието, а денес зборува дека Македонци немало, министер од ДУИ се дрзнува да изјави дека рамковно вработените седат дома и земаат плата без око да му трепни.
На крајот од денот ќе ми се смири душава и ќе си речам МОРА ДА ГРАДИМЕ СОЖИВОТ, ќе вклучам телевизор за да гледам вести и ќе излезе странскиот фактор и ќе каже во Република Македонија не постои соживот помеѓу етничките заедници. И како да не се фрустрираш а правиш се што ти кажуваат и дури и повеќе од тоа на штета на државноста на Македонија и Македоницте.
Ние за се го слушаме странецот, многу ни е важна пораката што тој на англиски фино ќе ја спакува, не е важно дали нашите експерти истото тоа го кажале, само на поинаков начин.

Наречете ме како што сакате јас само си ја сакам државата во која нема да биде важно кој каков е, НЕ САКАМ ДА СЕ ЧУВСТВУВАМ МАРГИНАЛИЗИРАН ЗАТОА ШТО СУМ ДЕЛ ОД МНОЗИНСТВОТО НА ОВАА ДРЖАВА. Ние не се поделивме на ваши и наши, туку на некој друг така му одговараше, кога велам ние мислам на сите граѓани на Македонија без никакви поделби, затоа што ние живееме заедно и ќе продолжиме да живееме, а странците ќе дојдат и ќе си заминат.

Кога сите етнички групи ќе научат да ја почитуваат Република Македонија како своја татковина, тогаш ќе има соживот.
Да живее слободна,суверена, самостојна и унитарна Република Македонија !!!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.