Кога инспирацијата и имагинацијата ќе се вклопат на вистински начин се добива ремек дело: Летната тераса на “NO NAME” е токму тоа

BeFunky CollageНе така одамна прилепчани го добија локалот “NO NAME”, сместен позади бизнис центарот на само чекор од плоштадот “Методија Андонов – Ченто”. Локалот кој беше одлично освежување за време на зимскиот период, за сите оние кои сакаат да се релаксираат после напорниот работен ден, од синоќа ја отвори и својата летна тераса, која совршено ќе се вклопи во мозаикот на можности што го нуди ова место.

17103776_399845753707510_4989888695930434399_n

17190746_399845590374193_1200980027812378322_n

 

17203013_399845643707521_6962861553014865489_n

17203203_399845750374177_7042064625711493780_nСе работи за широка летна тераса, со уникатно осветлување, пријатен амбиент и досетливи украси, а фонтаната која е сместена во средината е вистинско уживање, кое го доловува мирисот на летото и сонцето.

17191133_399845670374185_645025622575629790_nСе чини дека сопствениците на досетлив начин го доловиле она што ќе му годи секому, она што секому ќе овозможи пријатен и топол престој и ќе го натера повторно да се врати. Дека местото е навистина по вкус и има посебен шмек, говори и тоа што во само 24 часа нивни гости биле неколку стотини прилепчани кои понесоа пријатни впечатоци.

17265261_399845667040852_7952882473888773339_n

Летната тераса на “NO NAME” е пример како изгледа едно место кога инспирацијата, имагинацијата и шаренилото на идеи ќе се вклопат на вистински начин и ќе се создаде едно ремек дело во форма на мала летна оаза во центарот на Прилеп.

Maркукуле.мк одблиску го проследи ова, би рекле, вистинско збогатување на летната понуда на Прилеп и би било вистинска штета да се занемари нешто што е вредно и комплетно уредено.

“Од идеја, до реализација”, го нарекоа својот проект тројцата сопственици, покажувајќи ја фотографијата која го отсликува местото како пред и потоа.

12121

 

Секоја чест дечки и многу среќа понатаму!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.