Како од соништата! Погледнете како навивачите на Бока ги испратија своите миленици за Мадрид (ФОТО ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Реваншот од финалето е откажан на барање на Бока, затоа што автобусот со нивните играчи беше нападнат од навивачите на Ривер Плате, а притоа беа повредени седум од играчите. Веднаш после тоа настана хаос на самиот стадион, па не постоеше друг начин освен мечот да биде одложен.

Каде ќе се одигра реваншот за трофејот во Копа Либертадорес беше прашање кое ги мачеше сите љубители на фудбалот, а потоа падна одлука – ќе се игрга на Сантијаго Барнабеу во Мадрид.

Навивачите на Бока Јуниорс направија невидено изненадување за своите миленици пред реванш дуелот за Копа Либертадорес, па како што доликува ги испратија фудбалерите во Мадрид.

Првиот меч заврши со резултат 2:2, а реваншот се игра во сабота со почеток од 20:30 часот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.