Како во класичен босански скеч: Вака босанската полиција се справува со мигрантите (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео во кое се гледа како двајца полицајци во БиХ се справуваат во мигранти, кои упаднале во приватна куќа и таму престојувале. Полицајците затекнале двајца мигранти во соба додека спијат и ги разбудиле.

Откако виделе дека мигрантите тешко се будат, полицајците со удар во нозете се обиделе да ги разбудат.

Додека на теренот состојбата е далеку посериозна. БиХ стана транзитна земја низ која минуваат илјадници мигранти, кои се обидуваат да се пробијат до Хрватска.

И покрај лошите временски услови , стуДот и снегот , голем број од нив успеваат да стигнат до крајната цел, Германија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.