“И во Варош никна трева од 5см. дебелиот асфалт на градоначалникот Јованоски?” (Видео)

Денеска јавноста ќе ја запознаеме со уште еден од низата така наречени проекти на градоначалникот Илија Јованоски и власта на СДСМ во Прилеп. Ова позади мене е улицата “Гога Димитриоски” во населбата Варош, за која во септември минатата година Јованоски и СДСМ се пофалија дека целосно ја асфалтирале. Сето тоа беше убаво за пред камера, но само неколку месеци подоцна граѓаните видоа како градските власти ја завршиле, односно не ја завршиле својата работа тука – истакна на денешната прес конференција Тони Чадамов од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Цела ботаничка градина денеска излегува на површина од асфалтот кој е едвај со 5 центиметри дебелина.

Ова е уште еден класичен пример за тоа како Јованоски ги троши и се расфрла со парите на граѓаните.

Го прашуваме градоначалникот:

Дали оваа година одново планира да ја асфалтира истата оваа улица?

Дали дел од милионските суми со кои се расфрлаат пред јавноста завршуваат во нечии приватни џебови?

Ќе имаат ли воопшто срам да се појават пред граѓаните после ваков несериозен и расипнички пристап во работењето и расфрлањето на народните пари?

Почитувани,

Нашиот народ рекол: “Брзата кучка, слепи кучиња раѓа”, па токму ова ќе биде разултатот и од растрчаноста деновиве да се асфалтира колку што може, а со цел да се исполни болниот план на Зоран Заев за избори на 5-ти јули.

Вака за неколку месеци ќе изгледаат сите улици, кои градоначалникот периодов брза да ги асфалтира со неколку центиметри асфалт.

Го потсетуваме Јованоски дека за сите вакви така наречени проекти ќе следува одговорност!

Граѓаните ве прочитаа и ќе ве казнат на престојните парламентарни избори, кога истите и да се одржат!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.