ИСТРАЖУВАЊЕ! Ова се најздодевните работни места – проверете дали вашата работа е дел од листата

Aгенцијата “Емолумент” минатата година направи истражување на 1300 вработени од вкупно 10 земји и дозна кој најмногу се досадува на работа, односно која работа е најздодевна.

Листата изгледа вака:

1. Правни работи, 2.Управување со проекти, 3.Финансиски надзор, 4.Консултации и пресметки, 5.Финансии и банкарство, 6.Инженерство, 7.Продавачи, 8.Маркетинг и комуникации, 9.ИТ менаџмент, 10.Човечки ресурси, 11.Образование, 12.Извршно раководство, 13.Работи поврзани со истражување и развој.

Иако на листата се најдоа воглавно добро платени работни места, се чини дека парите сепак не се главното задоволство на работа. Дури 8 од 10 правници рекле дека се досадуваат на работа.

Истражувањето покажало и дека функциите во компаниите не делуваат на намалување на досадата. Подеднакво се досадуваат и директорите и оние со пониски функции.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.