“Инцидент на турнирот во мал фудбал во Прилеп”

Вчера на шестиот ден од традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2018” во Прилеп, настанал инцидент на теренот, а ситуацијата потоа можела значително да ескалира…

Според она што го дознаваме од гледачите во салата, за време на натпреварот помеѓу екипите на “Плинови Монт” и “Црнилиште”, играчите на Црнилиште, поради засега непознати причини, нападнале играч на противничката екипа?

Кратко потоа зовреле страстите и кај делот од публиката која ја поддржувала екипата од Црнилиште.

Како што гласат нашите информации, за среќа до поголем инцидент не дошло, поради брзата реакција на полицијата и обезбедувањето на турнирот.

Резултатот на овој натпревар потоа бил забележан со службени 3:0 за екипата на “Плинови Монт”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.