ИМПРЕСИВНО! ГOPEШE АМСТЕРДАМ! Над 100.000 фанови ја славеа титулата на Ајакс (ВИДЕО)

Екипата на Ајакс во средата со победата над Де Грапшаф (1-4) ја обезбеди 34 титула во домашното првенство. Со овој трофеј Ајакс ја осигураа двојата круна по победата во купот, а на прославата во Амстердам излегоа над 100 000 фанови на клубот.

Ајакс иако децении наназад важи за еден од најдобрите клубови во Холандија, титулата во домашното првенство ја обезбеди по пауза од цели 5 години. Одличната сезона на тимот под водство на Eрик тен Хаг ја одбележа и успешниот настап на клубот во Лигата на Шампионите каде по двомечот со Тотенхем за влакно им побегна финале.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.