Илиевски: Најмалку 300 пилоти требаат од секое населено место за да ги вратат 626.312 иселени

Богдан Илиевски, еден од лидерите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, иронизира на охридски дијалект за ветените 300 работни места како пилоти за жителите на Арачиново од СДСМ.

„А-море, мислите малку! 300 пилоти се МИНИМУМ потребни од секое населено место за да ги вратет 626.312 иселени од светот во блескавата татковина. Шо ако дојт животов изненадно во недела во 2 поручек или рецимо на 13-ти ноември во 16 часот и 50 минути? И шо ако во тој момент сите 626.312 иселени решет баш дента да се вратет дома? Кој ќе ги возит? Томас Кук? Адрија? Палер? Авиоимпекс? Него дај да видиме колку авиокомпании се обеќани и до кај е правиов пат на аеродромите во Битола и Штип, па ак требит да се принапрајт некое аеродромче и во Берово, Лазарополе, Маврово, Јакупица, Пелистер… Да сме скроз спремни. ИЛИ КО ШО БИ РЕКЛЕ мене омилените пиарџии од владиниот атар: Создадени услови за враќање на 626.312 иселени дома – остварено ✅“, коментира популарниот Бетмен Велит на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.