Изложба на тројца кавадаречки уметници во Прилеп

trajce jovanov

Во петок 2 септември 2016 во 20.00 часот во галеријата од ЦК,,Марко Цепенков,,во Прилеп ќе биде отворена изложба на дела од уметниците Ива Јосифова, Горан Боев и Трајче Јованов од Кавадарци.

Податоци за уметниците

Ива Јосифова, Кавадарци . Дипломирала на Факултет за ликовни уметности – Скопје, отсек сликарство и рачно правена хартија

До сега има реализирано многубројни самостојни и групни изложби во земјата и странство (Италија ,Германија, Словенија, Франција, Бугарија, Србија, Хрватска и др).

Добитник е на неколку награди:

2002, Скопје,Студенско интернационално арт биенале (СИАБ) ,

2006, Кавадарци, Признание од областа на уметноста, за посебни придонеси и афирмација на градот во Републички и меѓународни рамки,

2004 – 2005 добитник на две награди за дизајн на производи од рачно правена хартија во Меѓународната организација за унапредување на занаетчиството и дизајнот, Aid to artisans

iva josifova

Горан Боев, Кавадарци

Факултет за Ликовна Уметност завршува во Скопје, 2005 година, на отсек сликарство со конзервација и реставрација во класата на проф. Благоја Маневски. Магистрира на истиот факултет под менторство на проф. Симон Шемов во 2009 година. Во периодот од 2007 до 2011 година работи како асистент на Факултетот за Арт и Дизајн при Европскиот Универзитет на Р. Македонија (ЕУРМ).

Од 2011до 2014 година работи како зограф во манастирот Св. Јован Крстител (Бигорски манастир). Пред македонската публика, досега, се има претставено со 9 самостојни изложби а има земено учество на бројни групни изложби ликовни колонии во земјата и странство. Има остварено студуски престој во САД, Франција и Италија.

Член е на ДЛУМ и ДЛУК.

goran

Трајче Јованов, Кавадарци,

Факултет за Ликовна Уметност завршува во Скопје на отсек графика со конзервација и реставрација во класата на проф. Димитар Малиданов, 2009 год.

Досега има реализирано 1 самостојна изложба и учествувано на повеќе групни изложби (Кавадарци, Неготино, Скопје, Гевгелија, Тетово).

Член е на ДЛУК.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.