Зидан ја шокираше фудбалската јавност: Оваа одлука не ја очекуваше никој

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан рече дека се повлекува од менаџерската палка во кралскиот клуб, само 5 дена откако ја освои третата последователна титула во Лигата на шампиони, велејќи дека на клубот му треба “различен глас”.

Зидан на прес конференција изјави дека се’ се сменило и затоа ја донесол оваа одлука.

Тој го водеше клубот до три последователни титули во Лигата на шампиони и една титула во Ла Лига, откако ја презеде менаџерската улога во јануари 2016 година.

“Го сакам овој клуб”, додаде Зидан.

“Мислам дека овој клуб треба да продолжи да победува, но сметам дека се потребни измени, различен глас, друга методологија. И затоа ја донесов оваа одлука”.

45-годишниот Зидан, го презеде Реал од Рафаел Бенитез кој беше отпуштен. Во 149 натпревари, Зидан со кралскиот клуб направи резултат од 104 победи и 29 нерешени резултати. Вкупниот победнички процент на Зидан во Реал е 69,8%, кои му донесоа 9 освоени титули.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.