Како дел од грижата на Витаминка за своите вработени, постојано презема активности во чиј фокус се здравјето и добросостојбата на вработените. Со истата цел денеска беше организирано предавање на тема „Превентивата како прв чекор за добро здравје кај мажите“.
Поттикнато од недоволното знаење и свесноста за опасностите по машкото здравје, предавањето имаше за цел да информира, едуцира и да ја подигне свесноста за ризиците по машкото здравје и за превентивното делување.
Предавањето беше во организација на Витаминка и Здружението за унапредување на здравјето Филип Лукароски Прилеп, а пред вработените опасностите по машкото здравје од различни аспекти беа претставени од предавачите Петра Лукароска, претседател на Здружението за унапредување на здравјето Филип Лукароски, д-р Љубица Илиеска доктор по општа пракса од ПЗУ Алфамед Прилеп, д-р Златко Савоски, специјалист интернист и д-р Влатко Кузманоски, специјалист уролог.