Заев признава дека не ја пуштил македонската химна за да не му направи проблеми на Ципрас во Грција

Во интервју за ТВ Тера, премиерот признава дека не ја пуштил македонската химна заради Ципрас, но кажува и дека требало да бидат сменети симболите на македонската Армија.

Македонската јавност бурно реагираше што за време на посетата на Ципрас, пред Владата не беше инторнирана македонската химна.

Премиерот во интервју за Тера, само ги потвдри претпоставките на народот, дека химната не беше пуштена поради Ципрас, а не поради некое наводно доцнење кое го спомнуваше владиниот портпарол.

-Кога видовме дека се доцни, рековме од каде да скратиме. Дајте квалитативниот дел на разговорите да го одржиме. Скартивме по еден министер. Но, реално кажувам дека симболите исто така, на АРМ не беа сменети, а треба да ги смениме. Ако сме пријатели и го почитуваме Договорот, не треба да дозволиме Ципрас да се врати во Грција и да го критикува неговата јавност. Пријателите водат грижа за себе, истакна Заев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.