Заев во Прилеп не го посети Еурокомпозит, каде поранешниот директор е ocoмничен за тежок kpиминал? (Видео)

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во четвртокот беше во посета на Прилеп, но не најде време да го посети прилепскиот загубар Еурокомпозит и вработените кои изминатите неколку месеци се оставени на милост и немилост без средства за живот. Деновиве актуелна е kpивичната пријава на МВР кон поранешниот директор на претпријатието, кој се сомничи за предизвикана штета врз претпријатието во вредност од над 3 милиони денари.

Ова беше темата и на вчерашната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, од каде порачаа:

– Во пресрет на изборите на 15-ти јули се редат kpивични приjaви и на површина излегува целиот kpиминал на кадрите на СДСМ во Прилеп. Гледајќи што се’ се правело во изминатите 3 години и на каков се начин се богателе челниците на СДСМ, граѓаните денеска веќе немаат сомнеж и со нетрпение чекаат да ja сpушат оваа ненародна власт – истакнаа Робертино Илиоски од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

“Најжална и најтрагична е судбината на вработените во прилепскиот загубар Еурокомпозит, каде власта во заминување цели три години си поигруваше со иднината и достоинството на овие луѓе.

МВР неодамна поднесе и кривична пријава за поранешниот директор на претпријатието, Зоран Граороски, кој заедно со неговиот стручен соработник од Струмица се осомничени за тешка злоупотреба на службената положба и овластување.

Имено, Граороски и неговиот советник, според пријавата на МВР, со намера да извлечат пари од сметката на фирмата, без консултација со службите во правното лице и одборот на директори пристапиле кон наводна реализација на договор во вредност од 1.725.000 евра за испорака на 15.000 рударски шлемови за фирма во Гана и по цена повеќекратно повисока од реалната.

Според МВР, штетата која ја нанеле двајцата осомничени врз буџетот на претпријатието се проценува на повеќе од 3 милиони денари.

Почитувани,

Ова се милионски суми со кои си играле директорите на СДСМ во Прилеп, а сето тоа пред очите на Зоран Заев и неговите локални послушници, Миле Талевски, градоначалникот Илија Јованоски и министерот Горан Сугарески.

Од друга страна, вработените во Еуркомпозит цели 6 месеци се оставени без ниту денар примања, без здравствено осигурување и без никаква надеж дека нешто би можело да се промени.

Власта на расипничкото СДСМ не најде начин како да им помогне на овие луѓе ниту во време на пандемија, иако крпат крај со крај и едвај преживуваат.

Денеска одново го повикуваме и Основното јавно обвинителство сериозно да се зафати со работа и целосно да ги разоткрија сите сомнежи за сторен криминал и богатење со пари на граѓаните.

После 15-ти јули ќе следува одговорност и правда за секого!

Македонија мора да се исправи и обнови!

Ова е последната шанса за расчистување со криминалците и нивно изведување пред очите на правдата!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.