Еве како се затвора технички преглед: Дали Курто Дудуш е мачкина кашлица за овој “чудо” од градоначалник?

Вистински скандал предизвикал утринава градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, откако наредил четири камиони полни со градежен шут, истиот да го истурат пред влезот на приватна компанија – oбјави порталот “Инфомакс”

Голготата на сопствениците со градоначалникот започнала кога сопственикот на компанијата за технички преглед „Автовозач ФЕР“ од Делчево го пријавил шерифското однесување на шефот на локалната власт во Комисијата за спречување на корупција. Но, откако ДСКС започнале постапка за да ги истражат наодите на сопствениците на компанијата кои го пријавиле поради незаконско бришење на деталниот урбанистички план, градоначалникот започнал да со зakaните – пишуваат од “Инфомакс”.

Како одмазда за пријавата, градоначалникот влегол во улога на шериф па започнал да му се заканува на соптвеникот. Неколку дена подоцна, утринава, пред влезот на компанијата тој без уредна наредба, повикал четири камиони на компанијата „Гранит“ да истурат градежен шут пред влезот во техничкиот преглед, со тоа попречувајќи ја работата на фирмата. Додека ова го правел, на сопствениците им посочил „сега ќе видиш кого пријавуваш во Антикорупциска“.

– Повеќе пати се обратив до државна инспекција, до државна комисија за спречување на корупција, и затоа што сум го пријавил во ДКСК намерно – тоа и ми беше најавено пред неколку дена – дека заради тоа што сум го пријавувал ќе ми истури градежен шут на самиот влез пред фирма за да не можам да функционирам. Едноставно, уништува фирми. – вели сопственикот на „Автовозач ФЕР“ од Делчево, Коста Пантовиќ во изјава за „Инфомакс“.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.