Драмската секција на СОУ,,Ѓорче Петров Прилеп, во уште една хумана мисија

11

На ден 17.03.2017г., Драмската секција на училиштето СОУ “Ѓорче Петров”, во големата сала на Домот на културата „Марко Цепенков“, се претстави со настап на хуманитарен настан.

12

4

На покана на  ученичките, Марија Миноска и Тијана Манџикоска – волонтери во Црвен крст Прилеп, пред најмладата публика, ученици од основните училишта „Кочо Рацин“ и „Гоце Делчев“, училиштето се претстави со хумористичната, но и поучна претстава ,,Луда куќа”.

3

2

“Им благодариме на учениците и нивните наставници за вниманието со коешто не проследија. Посебно доживување за нас беше детската, искрена смеа, аплаузите и восхитот на нашите мали ученичиња. И ним им посакуваме еден ден да бидат дел од нашето несекојдневно задоволство”, истакна професроката Билјана Тинтоска ментор на драмската секција при СОУ “Ѓорче Петров”.

9

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.