Дечките од ППК Младост 96 не престануваат да нижат успеси

1

ППК Младост 96 е клуб кој своето постоење и своите амбиции ги насочува воглавно кон младите категории, почнуваќи од најмладите дечиња па се до младинските категории.
Работењето по тој принцип, значи и високи дострели како во нашата држава така и надвор од неа. Години наназад се постигнуваат резултати достојни за почит кон младите играчи. Плеада пингпонгари продефилираа во клубот и оставија белег во пинг понгот во млади категории. Оваа генерација на пингпонгари што тренираат и ги бранат боите на клубот постигнува одлични резултати. Пред се тука се истакнуваат Александар Рикалоски, Христијан Иваноски, Антонио Стомнароски, Дамјан Стојчев, Бојан Илиески (кој оваа сезона премина во друг клуб). Овие играчи кои иако до скоро се натпреваруваа во пионери, сепак ги бранат боите и во прволигашките натпревари.

20141107_161700

Успесите кои ги постигнуваат години наназад, донесоја и влез во репрезентацијата на Македонија за Александар Рикалоски, кој до сега има настапувано на две балкански првенства и на голем број турнири надвор од Македонија. Две години ППК Младост 96 беше екипен пионерски првак на Македонија и тоа сезоните: 2013/14, и 2014/15 год, две години клубот беше вице шампион, две години исто така беа вице шампиони во пионерски состав, како и во младинска конкуренција екипен дел, а две години завршија трети.

20141130_103117

Во поединечна конкуренција Александар Рикалоски беше државен првак во парови и вице шампион поединечно во сезоната 2014/2015, потоа државен првак во организација на училишен спорт, како и вице шампион пред две години.

20141130_162017

Освојувани се голем број турнири во Македонија, а како најголем успех надвор од Македонија е трето место на меѓународен турнир во Србија, каде за влез во полуфинале, Александар го победи пионерскиот првак на Србија. На други турнири беа победувани првакот на Хрватска, играчи од БиХ, Србија, Црна Гора, Бугарија, Унгарија, што покажува дека нашите играчи не заостануваат зад играчите од регионов. Сите овие успеси се плод на континуирана работа на сите вклучени во клубот, меѓутоа со обезбедување на доволно финансии би се зголемиле успесите и одликувањата.

20141206_121539

20141206_172632

20141221_114034

20141115_142506

20141130_162115




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.