Денеска нов температурен шок

vreme (1)

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на планините со слаб снег. Ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од девет до 15 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со услови за слаб дожд, а ќе дува и умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.