Дванаесет наставници од Македонија прогласени за најдобри во земјите во екс ЈУ

Во Бања Лука, пред неколку дена беше прогласена шестата генерација на најдобри наставници од земјите на екс Југославија. Од повеќе од неколку стотици пријавени просветни работници, со тутилата „Најдобар наставник на просторите на поранешна Југославија“ се стекнаа вкупно 28 наставници избрани според строги критериуми, од кои дури 12 се од нашата држава.

Прогласувањето се одржа во рамки на шестата регионална конференција насловена како „Светот на образованието ги брише границите“, во организација на Асоцијацијата на наставници.

Признанија добија наставниците Марија Богатиновска, Александра Митровска, Билјана Лазареска, Дивна Карапанчева, Јелена Мандиќ, Ксенија Николова, Марина Станиславова, Олгица Бајалџиева, Раде Илијевски, Валентина Клопчевска, Весна Бошковска и Весна Недановска.

Целта на конференцијата е да поттикне регионално вмрежување на најдобрите едукатори, наставници, професори, стручни соработници.

„Иновативната работа на овие наставници е двигател и иницијатор на формални образовни реформи, на кои се повикуваат сите земји во регионот.

На конференцијата присуствуваа повеќе од 200 наставници од Босна и Херцеговина, Република Србија, Македонија, Хрватска, Црна Гора и Словенија. За време на доделувањето на наградите на најдобрите наставници и директори од регионот, во Асоцијацијата беа примени нови полноправни членови од сите 6 земји, а од нашата земја член на Асоцијацијата стана наставничката Роза Николова од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Кочани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.