ВИДЕО: ДА СЕ НАЕЖИШ: 67 амазонски племиња не знаат дека постојат луѓе надвор од нивната џунгла

Nekontaktirano-pleme-u-Brazilu-snimljeno-iz-aviona-2-620x350

Кога подобро би размислиле, сето тоа е фасцинантно. Повеќе од 100 племиња во амазонија ја преживеале шпанската и португалската колонијална власт а никогаш не ја осетиле.

Во јануари 2007 година, било откриено дека во Бразил живеат 67 племиња со кои цивилизацијата никогаш не била во контакт.

Вистина е дека некои луѓе од овие племиња биле во контакт со други луѓе но останале несвесни за светот кој се наоѓа надвор од нивната џунгла.

Вакви племиња освен во Бразил има и во Индонезија, Нова Гвинеја и во други земји од Јужна Америка, но Бразил е на прво место.

Често се случува овие племиња да бидат масакрирани од страна на други племиња, дрвосечачи, трагачи по злато и криминалците кои одгледуваат кокаин.

brazil2

Говорат некои изолирани јазици, се занимаваат со лов и собирање плодови, всушност живеат онака како што живееле луѓето 10.000 години пред новата ера.

Државата води грижа, па кога ќе се открие вакво племе  ја ограничува ваквата територија и забрането е влегување во неа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.