Дарко го фати крстот, а неговиот гест ќе допре до секој од вас: Секоја чест!

Дарко Недев, момчето кое го фати крстот за Водици во Кавадарци и навивачката група Лозари Исток на која и припаѓа, за денеска организираат хумана акција.

Денеска од 9:15 часот светиот крст ќе биде поставен на градскиот плоштад во Кавадарци и сите верници ќе можат да го бакнуваат и даруваат. Сите пари ќе бидат донирани за помош на малата Драгана Малкиќ, на која и е потребна итна операција во Белград, нагласија од навивачката група.

Рекоа дека во деновите за празнување на делата Господови кога сите си ги посакуваме најубавите желби и се молиме за нашите најблиски и најсакани, повикуваат сите да ја покажат својата хуманост.

Да помогнеме едно мало девојче да ги види со своите очи луѓето кои бескрајно ја сакаат. Бог се јави. Навистина се јави, додадоа од навивачката група.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.