Го исклучиле респираторот за да ја вклучат климата, па го загубиле пациентот

Индиец (40) починал во државна болница кога членовите од неговото семејство го исклучиле респираторот од струја за да го вклучат клима уредот.

Пациентот бил во болницата неколку дена, откако лекарите се посомневале дека е позитивен на кopoнавиpyc, а поради отежнатото дишење бил преместен во специјалното изолирано одделение за пациентите зapaзени од Koвид-19.

Неговата состојба била толку лоша што лекарите не го тестирале за Koвид-19, туку веднаш го поставиле на респиратор и ја започнале терапијата. Наводно во понеделникот утрото болниот Индиец бил посетен од семејството, кои не биле задоволни од условите во кои бил сместен. Централниот систем за ладење во болницата бил исклучен за да се намали ширењето на виpycoт, па во собата температурата била 40 степени.

Поради тоа еден од членовите на семејството донел клима-уред, па за да го приклучи уредот го исклучил респираторот. Пациентот починал, а во тестирањето кое му било направено откако починал било утврдено дека нема кopoнавиpyc.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.