Големи 3 бода за РК Прилеп на гостувањето над фаворизираниот Пелистер

14440609_1101184269937072_5904098238939169348_n

РК Прилеп и во второто коло забележа триумф, овојпат на гостувањето во Битола над фаворизираниот Пелистер.

Иако Пелистер имаше навидум големо водство на полувремето (17:12), прилепчани беа незадржливи и фуриозни во вториот дел, па со резултат 13:20 во второто полувреме, стигнаа до голема победа од 30:32 и се искачија на врвот на табелата.

Во тимот на РК Прилеп, Бозароски и Орјоникидзе беа незадржливи, а голманот Рајичиќ ја спушти ролетната на својот гол.

14370107_1101188603269972_8219878492881249290_n

Во наредното коло прилепчани го пречекуваат новиот прволигаш исто така од Битола. Под Марковите Кули гостува екипата на Еурофарм Работник.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.