(ГАЛЕРИЈА) Забава, шега и уникатни маски: Одлично издание на карневалот “Прочка 2017” во Прилеп

BeFunky Collage

Во Прилеп денеска се оддржа 16-тиот меѓународен карневал „Прочка 2017“.  Продефилираа околу 1.500 учесници со традиционални и современи маски.

Според градоначалникот Марјан Ристески присуствуваме на еден своевиден спектакал, Прочка претставува вистински туристички бренд не само на градот тутку и на Р. Македонија, нека е за многу години денешниот празник“, посочи Ристески во неговата изјава.

Според Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“, карневалот Прочка секоја година е помасовен:

„И овогодинешниот карневал е во знакот на смеата и хуморот како и сите останати досега, а за тоа допринесоа и гостите од Врњачка Бања, Шабац, Београд, Бела Црква, Украина, Бугарија, Италија ,… од година во година овој фестивал се повеќе и повеќе расте, а оваа година карневалот беше збогатен и со научна конференција“.

Прилеп во изминатите два дена помина во знакот на карневалското лудило. Вчера,  традиционално парадираа мажоретките, кловновите, пантомимичарите, жонглерите, одекнуваа зурлите и тапаните. Завчера во Центарот за култура „Марко Цепенков“ се одржа традиционалната изложба на маски на учениците од прилепските училишта. Беа изложени околу 1.000 маски и цртежи.

И годинава на карневалот ќе биде избрана „Најмаската“ и ќе и биде доделена Гран при наградата.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.