Вepyвале или не: Платата пopacна за 6.000 денapи, невpaботенocта е на иcтopиcко нajниcко ниво, велат од CДCM

Економските политики на Владата предводена од СДСМ ги даваат очекуваните резултати, економијата излегува од кpизата витална, развојна, динамична. Просечната плата континуирано расте и од јуни 2017 досега е зголемена за над 6.000 денари – велат од СДСМ.

Денес, стапката на невработеност е на историско најниско ниво од 16 отсто.

Одговорните економски политики, новите инвестиции отвораат можности стапката на невработеност дополнително да се намали до крајот на годината.

Последните официјални податоци покажуваат раст на индустриското производство од 9,5 отсто.

Во периодот јануари-јуни извозот на стоки е зголемен за 39,1 отсто, а увозот за 38,7 отсто.

Дополнителна потврда за нашите позитивни економски политики доаѓа од агенцијата „Стандард и Пурс“, која го потврди кредитниот рејтинг на државата и смета дека економијата во 2021 година ќе излезе од кpизата и ќе бележи раст на БДП од 3,7 отсто.

Од исклучително значење е задржувањето на кредитниот рејтинг во континуитет и покрај ефектите од коpонакpизата, бидејќи тоа е позитивен сигнал за инвеститорите и јасен показател за довербата во политиките коишто се водат во државата.

СДСМ како одговорна па тија ќе продолжиме со економски политики кои обезбедуваат раст и развој на стопанството, но и подобри услови за работа на компаниите и повисок животен стандард за граѓаните – велат во соопштението од владеачката партија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.