Временска за цела недела: Оваа вест нема да ви се допадне

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилува. Попладне локално ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи, особено во југозападните делови.

Во среда и во четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од сабота се очекува промена на временската состојба, ќе дува северен ветер и ќе предизвика пад на температурата, а сеуште ќе има локални врнежи од дожд.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.