Во живо од пред Собранието: Христијан Мицкоски зборува пред граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево во 16 и 30 часот се очекува да се обрати од пред Собранието на Република Македонија.

Во моментов пред парламентарниот дом се одржува протест за одбрана на македонското име, додека внатре во собранието во 15 часот ќе се одржи седница на која треба да се расправа за уставните измени.

На дневен ред се предлог- амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог- уставниот закон за прогласување на амандманите, што претставува трета и последна фаза од процесот на уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.