“Владата го одби проектот што градоначалникот на Прилеп го ветуваше во Програмата? Дали е ова возможно??”

Ане Лашкоска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на Комисијата за финансии и буџет поднесе амандман со што бара да се обезбедат средства во висина од 122 милиони денари за изградба на обиколница со што ќе го поврзува Градско – Прилеп – Македонски Брод.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски не го прифати амандманот.

„Поголем број од амандманите коишто ги поднесовме за овој буџет се затоа што овој буџет за 2019 година веќе две години СДСМ е на власт, започнува трета година на централно ниво, година и повеќе е на локално ниво и најголем дел од амандманите кои што ги поднесовме се однесуваат на проекти на кои што всушност вие како политичка партија сте им ги понудиле на граѓаните. Токму овој проект беше понуден и на локалните избори од страна на градоначалникот на општина Прилеп велејќи – „Со овие проекти во Прилеп ќе има иднина и живот за сите“. Имено во неговото ветување стои дека со овој капитален проект тешките товарни возила што превезуваат мермери и други руди нема да ги уништуваат градските улици и ќе се врати безбедноста во сообраќајот во ЏЦентарот на Прилеп, појасни Лашкоска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.