(Видео) Пpoколнатиот хотел кој е празен повеќе од 30 години: Требало да има 3.000 соби и 5 ресторани- граден е во облик на пирамида, а сега собори уште еден рекорд

Во 1987 година во Пјонгјанг започнале големи подготовки како би се изградил монументален облакодер во облик на пирамида.

Било планирано да биде повисок од 300 метри, со 3.000 соби и пет луксузни ресторани. Требало да се вика Рјугјонг Хотел- според историското име на свернокорејскиот главен град, што во превод значи “градот на врбите”.

Отварањето било предвидено за две години покасно, меѓутоа, никогаш не се случило. Зградата ја достигнала планираната висина во 1992 година, но сеуште била без прозорци и така останала и во следните 16 години. Го добила името “Пpoколнатиот хотел”.

Оваа згрда е највисоката ненаселена зграда во светот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.