ВИДЕО – НЕВЕРОЈАТНО: Џонатан е најстарото животно во светот, на 184 години го дочека своето прво капење

Ова е можеби најисториското и најочекуваното капење. На 19 март, најстарото животно во светот, 184 годишниот Џонатан огромната желка, ја искапија за прв пат во нејзиниот живот.
1037005402

Др. Џо Холинс го исчисти оклопот на желката, внимателно отсранувајќи ги 200 годишните лушпи.

Капењето нема медицински причини, а чуварите сакаат да ја подготват желката за посетата на кралско семејство, кое се очекува да го посети островот на Св. Хелена, каде што желката живее.

За време на животот на желката, 8 Британски монарси беа крунисани, а 51 премиер владееше во Велика Британија.

А.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.