(ВИДЕО) МИСТЕРИОЗНО СУШТЕСТВО ГИ ПРЕПЛАШИ СИТЕ НА ПЛАЖАТА: Како да не е од оваа планета !

Суштество со необичен облик се појави на плажа во Нов Зеланд и ги преплаши сите кои го видоа.

Како желе, со црвена и бела боја, морското суштество кое се насука на плажата изгледа како да не е од овој свет, меѓутоа Националниот институт за вода и атмосфера во Нов Зеланд го идентификуваше.

Се работи за “Лавовска грива” една од најголемите медузи во светот. Адам Дикинсон, кој заедно со сопругата Ева и децата ја посетиле плажата, вели дека медузата била голема речиси половина метар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.