(ВИДЕО) Министер од Владата на Заев со оружје одземал фирма?! Гледач во живo на емисија изнесе шокантни информации

„Во новата влада на господинот Зоран Заев има поставени министри и министри без ресор, кои на еден академски граѓани, ќе ви кажам име и презиме ако треба, има доведено инвеститор од надвор, има отворено фирма и под присила со оружје му ја имаат земено фирмата без никаков надоместок. Фирмата се вика ‘Манора’ – се работи за министерот без ресор Аднан Ќахил. Слободно, слободно…запишете да проверите, да видите сами. Подигнато е на многу високо ниво па ќе видиме државата што ќе направи со овој случај“ – рече гледачот во живо.

Гледачот додаде дека повеќе никој нема да може да го запре гласот на народот, и повика на заедничка народна борба против криминалците на власт, како што вели против „криминалната група“.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.