(ВИДЕО) Еве што се случува кога некој сака да го нападне кралот

Screenshot_7-39-640x416

Јорданскиот крал Абдулах II допатувал во средата во мароканската престолнина Рабат, меѓутоа само што влезе во автомобилот на мароканскиот крал Мухамед VI се случи инцидент.

Непознат човек се обиде да се приближи до автомобилот, но со неверојатна реакција на луѓето кои го обезбедуваат кралот беше запрен.

На човекот му беше затворен патот и беше соборен на земја. За сега не е откриено која му била намерата, односно објавена е само информацијата дека е уапсен.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.