(Видео) ,,ДАЈ ТЕ ВИНА, ХОЌУ ЛОМ”: Ковачевски се распеа во ресторан во Белград!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по свеченото отворање на Вториот меѓународен саем за вино Вино Визија на отворен Балкан и билатералните средби, заедно со Димитар Ковачевски, Јаков Милатовиќ и други дојдоа на вечера во ресторан во главниот град.

На Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“ беше објавено видео од ресторанот, а претседателот Вучиќ заедно со премиерот на Македонија и претседателот на Црна Гора ја пееја добро познатата народна песна „Дај те вина, хоќу лом“.

На отворањето присуствуваа и претставникот на Владата на Македонија, Дмитар Ковачевски, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и претседателот на италијанскиот регион Венето, Лука Заја. На церемонијата присуствуваат бројни видни личности од регионот и светот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.