(Видео) Дали е ова најконтроверзниот погодок во историјата на фудбалот?

Во својата 92-годишна историја, ниту едно Светско првенство не помина без скандали, разни афери, интриги и контроверзни судиски одлуки кои во неколку наврати одлучуваа кој ќе биде шампион на планетата.

Повеќе од половина век се води сериозна дебата за тоа дали Англичаните во 1966 година заслужено стигнаа до првата и единствена титула светски прваци.

Дали познатиот гол на Џеф Харст во продолженијата од финалниот меч против Германија беше “легален” или домаќините стигнаа до тронот со помош на своите „сојузници“?

Регуларниот дел од натпреварот заврши со резултат 2:2, па одлуката му падна на шампионот по продолженијата. Во 101. минута од натпреварот легендарниот Џеф Харст го постигна еден од најспорните голови во историјата на Светските првенства. По неговиот удар, топката ја погоди пречката и падна на линијата. Поминала или не, тешко дека некогаш ќе дознаеме.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.