(ВИДЕО) ГО ДЕМОНСТРИРАШЕ СВОЕТО ПОЗНАВАЊЕ НА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК: Австрискиот новинар постојано го прекинуваше, а еве што му одговори Путин

Рускиот претседател Владимир Путин беше во посета на Австрија, а за австриската телевизија имаше и интервју. Во еден момент го демонстрираше и своето познавање на германскиот јазик.

Новинарот му постави неколку прашања поврзани со ситуацијата во Европа и ЕУ, настаните околу двете Кореи, Крим, па дури и констатираше дека е “цар”, бидејќи предолго е на власт.

Тоа што ги воодушеви сите кои го гледаа ова интервју е фактот што Путин го замоли новинарот да не го прекинува, и тоа на германски јазик.

-Ако бидите трпеливи и ме пуштите да завршам, ќе го дознаете мојот став за тоа прашање. Само момент Ве молам, не брзајте. Оставете ме да зборувам – рече Путин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.