(Видео) Бајден заспа за време на разговорот со Хилари? Цел свет зборува за нивниот видео-состанок

За време на видео-состанокот меѓу Џо Бајден и Хилари Клинтон, во еден момент тој ги затвори очите, ја спушти главата и поради тоа луѓето се сомневаат дека кандидатот на демократите заспа.

Во тој момент Хилари зборуваше за вработените жени. Таа за време на состанокот го поддржа Бајден, кој најверојатно ќе биде претседателскиот кандидат на демократите оваа година.

Видеото стана вирално за кратко време, а корисниците на социјалните мрежи се шегуваат на сметка на Бајден.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.