Веќе се бара маса повеќе! Две вечери за уживање во Cipriani, Боби во четврток, Тајфата за прв пат во петок

Модерен и елегантен гастрономски простор во центарот на Прилеп, каде храната, амбиентот и живата музика се спојуваат во едно поинакво искуство за градот под Марковите Кули. Cipriani Fine Dining & Lounge Bar и оваа недела носи причина плус за излегување, со двојна музичка програма што ветува одлична атмосфера и незаборавни вечери!

ЧЕТВРТОК, 15 ОКТОМВРИ со БОБИ ЛАШКО

Музичарот кој одлично е прифатен од гостите во сите локали каде што настапува, секогаш со внимателно одбран и богат репертоар. Со својот препознатлив пристап и музика за различни вкусови, Боби е вистински избор за четврточна вечер исполнета со уживање, добра музика и пријатна атмосфера.

ПЕТОК, 16 ОКТОМВРИ во CIPRIANI прв пат со ТАЈФАТА!

Бендот чии настапи ги обединуваат сите генерации, каде и да се појават! Тајфата се познати по својата маестрална изведба, енергијата и музичките вечери што долго се прераскажуваат. Овој петок за првпат ќе настапат во Cipriani, носејќи ја препознатливата атмосфера по која се познати и ветувајќи вечер за паметење.

Две вечери, две различни музички доживувања и едно место каде што добрата храна, префинетиот амбиент и музиката создаваат совршена комбинација.

Резервирајте ја вашата маса навреме на 078 534 334 и бидете дел од уште две музички вечери во Cipriani




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.