ВАШИНГТОН ТАЈМС: Истрагата за Русите нема никаква врска со Трамп ! Целта е да се сокрие пеколната вистина за Хилари Клинтон

Истрагата против Доналд Трамп е организирана кампања од страна на соработниците на Обама, како би се сокрила вистината за неговиот “лицемерен и подмолен режим”, пишува Вашингтон Тајмс.

Сегашниот претседател и понатаму ќе биде обвинуван за “врски со Русите”, бидејќи кулата од карти би се срушила и Американците би дознале се за злоделата на Барак Обама и Хилари Клинтон, додава американскиот весник.

“Американските патриоти кои бараат враќање на редот, правдата и американските идеали, односно слобода и рамноправност, се во шок и неверување гледајќи секоја вечер на ТВ поигрување и шегување со Уставот”, истакнува новинарот Тод Вуд.

Во истрагата за врските со Русија воопшто не станува збор за Трамп, туку за Обама и Хилари, наведува новинарот Вуд.

“Род Розенштајн, Роберт Милер и остатокот на оваа банда многу добро знаа дека не би требало да се започне кривично гонење на Трамп. Тоа е само тактика за постигнување на вистинската цел. Цела таа драма не се игра за Трамп да се одвлече пред суд, туку да не се дознае каков всушност беше режимот на Обама”, пишува американскиот новинар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.