ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ДО СИТЕ ГРАЃАНИ ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ КОИ ГО ЗАФАТИЈА ПРИЛЕП

Пожарите кои деновиве избувнаа на неколку локации во Прилеп и прилепско, го кренаа алармот кај надлежните.

MG_0893

Дирекцијата за заштита и спасување, територијалната противпожарна единица – Прилеп, ЈП Македонски шуми “Црн бор” – Прилеп и ЈП за стопанисување со пасишта на граѓаните им соопштуваат:

Невообичаено високите температури за овој период од годината и сувиот вегетациски горлив материјал потпомогнати од човековото невнимание н негрижа при престојот низ полето и во шумата, условија зачестена појава на пожари на отворени простори од чија појава се предизвикуваат поголеми материјални штети.

Заради заштитата на ваквите појави во овој период од страна на граѓаните се бара посебно внимание при престојот во полето и во шумата, при изведување на полски работи, напасување на добитокот, рекреирање и престој во природа особено од страна на сточари, земјоделци, шумски работници, излетници и други љубители на природата.

Поради тоа ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ – Подрачно одделение за заштита и спасување – Прилеп, Територијалната Професионална Противпожарна Единица – при ЕЛС-Прилеп , ЈП.”Македонски шуми” – ПШЦ – “Црн Бор”-Прилеп и ЈП За стопанисување со Пасишта им СООПШТУВААТ, а воедно и ГИ ПРЕДУПРЕДУВААТ граѓаните да ги превземаат следните противпожарни и други мерки за заштита од пожар.

1. ЗАБРАНЕТО е палење на стрништа, плевели и други растителни отпадоци од сув вегетациски горлив материјал во ловиште, пасиште и на земјоделско земјиште односно палење на отворен оган низ полето, во шумата, шумските комплекси и нивна непосредна близина.

Против сторителите на прекршокот од страна на надлежните инспекциски органи ќе бидат превземени соодветни санкции согласно Законот за прекршоци и другите позитивни материјални закони кои ја регулираат проблематиката од оваа област, односно изрекување на парична казна – глоба која за правните субјекти се движи во висина од 3000 до 8000 евра, а за физички лица од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност.

2. Согласно член 29 од Законот за пожарникарство секој граѓанин кој ќе забележи непосредна опасност од настанување на пожар или ќе забележи пожар, должен е да ја отстрани опасноста, односно да го изгасне пожарот, ако тоа може да го стори без опасност за себе или друго лице.

Доколку не може да го стори тоа сам, потребно е да пријави на следните броеви:

– Противпожарна единица – 193

– Полициска станица – 192

– Центар за управување со кризи – 195




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.