Важно да се знае! Доколку го оштетите автомобилот поради дупки на улиците, можете да барате обештетување од општините

Од „Адвокатската канцеларија Конески“ денес на својата официјалната фејсбук страна објавија дека, од сега на територија на цела Македонија, во случај на оштетување на возилото поради лошиот квалитет на улиците ќе може да пријавите и побарате обештетување од општините кои се задолжени за одржвање на патиштата.

„Сведоци сме на лошиот квалитет на дел од улиците во Град Скопје, но и пошироко на цела територија на Република Македонија. Како што и претходно укажавме, повторуваме дека согласно член 22 став 1 точка 4 од Законот за локалната самоуправа Општините се надлежни за изградбата, одржувањето, реконструкцијата и заштитата на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти”, од што произлегува дека во случај на предизвикана штета заради редовна употреба на оштетените улици, Општината во чија надлежност е одржувањето на улицата е одговорна за штетите предизвикани при редовното користење на истите од страна на граѓаните.

Граѓаните коишто претрпеле штета при редовното користење на улиците, којашто е предизвикана заради оштетеноста на истите, имаат право да побараат надомест на настанатата штета од надлежната општина.

За да биде појасно би дале и конкретен пример: возите накај вашето работно место и со тркалото пропаѓате во дупка и притоа ви се искривува бандажот и пропратно се оштетуваат и останати делови од подвозјето, не сте виновни вие бидејќи не сте ја избегнале дупката, таа едноставно не требала да биде таму“ стои во нивната објава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.