Бpojни полициcки cили го pacтypиja кapневалот во Beвчани: Hapoдот извикyваше “Уaaa” (Bидео)

Со маски ниту во услови на светска пандемија, вевчанци не се откажуваат од вековната традиција за одржување на Вевчанскиот карневал и покрај апелите од надлежните да нема собири.

Двете василичарски друштва, Горна и Долна маала се оградија од организацијата, а низ вевчанските улици полека се собираат маскирани лица кои сакаат да испратат некоја порака.

Василичарските друштва Горна и Долна маала од Вевчани, како што потврдија вчера за МИА претседателите на двете друштва, Перо Ташиноски и Мирослав Костојчиноски, по средбата со градоначалникот Сашо Јанкоски, се откажаа од организација на Вевчанскиот карневал, кој традиционално речиси 15 века се одржува на 13 јануари.

Како што објави ИНФОМАКС, во моментов полицијата го растура Вевчанскиот карневал, полициското присуство е огромно, а можат да се забележат и припадници на ЕБР. Како што се вели во коментарите од видеото, цела охридска и струшка полиција се во градот.

ВИДЕО: “ШИЛО МАГАЗИН”

Карневалот е вековна традиција во Вевчани, а вевчанци цела година живеат со идеите како ќе се маскираат. Вевчанци ќе кажат се, но до карневалското дефиле маските ги чуваат во тајност. Традиционално карневалот почнуваше со дефиле под маски напладне на 13 јануари, а следниот ден маските се палат во центарот на Вевчани, со што завршува манифестацијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.