Број еден тенисер во светот и број еден хуманитарец: Новак Ѓоковиќ ќе отвара ресторан за бездомници

Најдобриот српски и тенисер број еден во светот, Новак Ѓоковиќ, уште еднаш докажа дека е врвен спортист.

Популарниот Ноле планира да отвори ресторан за бездомници, изјавил во соопштение кое неговата прес служба го испратила до британските медиуми.

“Парите не ми се проблем, заработив доволно за да ја нахранам цела Србија. Мислам дека тие заслужуваат вакво нешто затоа што секогаш ме поддржуваа”, вели во соопштението Новак.

Засега не е познато каде ќе се наоѓа ресторанот ниту како ќе функционира, но локацијата, по се изгледа ќе биде во Србија.

Инаку, Ѓоковиќ веќе има свои два ресторани, еден во Белград, а вториот во Монте Карло, пишува српскиот портал “Нојз”.

Во 2011 година Рашко призренската епархија соопшти дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, му подарил на манастирот Грачаница во Косово 100 илјади долари.

Тенисерот е моментално на пауза, а во овие моменти е посветен на семејството и зајакнување на менталната сила.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.